Државниот санитарен и здравствен инспекторат во моментов спроведува вонреден инсекциски надзор во инфективното одделение во Штипската клиничка болница, во врска со 41 годишната пациентка која почина на ова одделение, објавува телевизија Телма.
Директорот на Клиничката болница Штип д-р Ален Георгијев, исто така побарал да се изготви комплетен извештај за начинот на третман на пациентката. По завршениот вонреден инспекциски надзор, јавноста ќе биде детално информирана.