3.5 C
Skopje
понеделник, ноември 18, 2024

Стружани четири години не видоа ниту еден проект од Заев, ниту вложување во нивниот град

Уште од пролетта предупредувам дека Зоран Заев има намера да го распродаде имотот на АД ЕЛЕМ, како автокампот Ливадишта и ски центарот Попова Шапка, тогаш негираа, но еве ја вистината. Ливадишта е туристички комплекс со голема можност за развој и истиот може да биде доходовен за државата. Токму затоа и се продава, наместо од него да имаат корист сите стружани и граѓаните на Македонија, ќе има некој бизнис патнер на Заеви, стои во фејсбук статусот на Ивица Томовски.

„Заев со ова распродава и има намера да даде доходовни бизниси на свои луѓе. Стружани 4 години не видоа ниту еден проект од Заев, ниту вложување во Струга, но затоа имаме распродавање и разграбување на државниот имот во Струга. Срамота!“, пишува тој.