Предводникот на актуелниот шампион на Шпанија, тимот на Атлетико (М), Диего Симеоне е убеден дека клупските челници ќе најдат достојна замена за Диего Коста кој во новата клупска сезона Ќе го носи дресот на лондонскиот премиерлигаш Челзи.
„Диего Коста е таму каде што сака да биде. Среќен сум поради фактот дека му се исполни големата желба. Го сакам Диего како фудбалер. Даде се што можеше да даде за Атлетико (М) и јас вечно ќе му бидам благодарен. Ова не е некоја нова ситуација во Атлетико (М). Има многу напаѓачи кои дошле на “Винсенте Калдерон” и кои си заминале после неколку сезони. Во минатото, клубот секогаш имаше идеално решение кога еден важен напаѓач ќе донесеше одлука за промена на клупската средина. Прво си замина Фернандо Торес, потоа Диего Форлан, Серхио Агуеро, Радамел Фалкао, Давид Вилја и сега Диего Коста. Атлетико (М) ќе биде конкурентен и во новата сезона. Кога си замина Агуеро сите беа убедени дека ќе имаме очајна сезона, но тогаш дојде Фалкао и ние освоивме неколку трофеии. Потоа си замина Фалкао, а дојде Коста. И со него освоивме неколку трофеии”, изјави Симеоне.