
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по средбата со коалиционите партнери одговараше на новинарски прашања поврзани со македонско-бугарските односи.
-Ние сме, ќе повторам доведени пред бездна, или апокалипса и асимилација, или евроинтеграција. Е, до тоа не доведе оваа мафијашка талибанска политика на СДСМ и Зоран Заев. Ми беше симулиран погреб, бев нарекуван некрофил, навредуван три години, но сето тоа што го зборував денеска е се појасно видливо. А, тоа е дека дојдовме до крајот на тунелот, а светло нема, за жал. Оваа политика на Зоран Заев и оваа влада на СДСМ не дотера до таму. Потребно е да го ресетираме општеството и овој вид на корумпирани политичари и политичари со концесија да заминат. Но, не само да заминат, туку и да се соочат со одговорност, рече Мицкоски.