Милошоски: Утрешниот ден да се прогласи за Ден на жалост

Македонија досега изгуби вкупно 1.345 луѓе. Денескa е трагичен датум, во еден ден згаснаа 40 животи на наши сограѓани, соседи, нечии родители, браќа, сестри, сопружници, баби и дедовци, напиша на Фејсбук пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски.

„Владата, согласно чл.8 од Законот за Влада, треба утрешниот ден, 17-ти ноември, кога дел од роднините ќе се простат од нивните најблиски, да го прогласи за ДЕН НА ЖАЛОСТ, а утре точно напладне државното знаме на Македонија да се спушти на половина копје, пред Владата, пред министерствата, пред општините и сите други државни и јавни институции. Истовремено, да се даде обврска на телевизиите со национална фрекфенција да истакнат црна лента на екраните како знак на соодветно одбележување на Денот на жалост и оддавање почит кон загубените животи на нашите сограѓани и тагата на нивните семејства“, напиша Милошоски.