Македонскиот репрезентативец Стојан Ѓуроски доби позитивен тест на коронавирусот и нема да биде дел од квалификацискиот турнир во Естонија.
„За жал, нема да можам да му помогнам на националниот тим за битките во Талин. Пред враќањето во Скопје, каде мораше да средам некои технички работи поврзани со работната дозвола за Шпанија, бев тестиран од страна на клубот. Тестот се покажа како позитивен, а тоа ме однесе во самоизолација“, рече Ѓуроски.