СДСМ му ветила пари на Реџепи за поддршката на Пендаровски

Поранешниот реис на Исламската верска заедница Сулејман Реџепи откако јавно призна дека со негова помош и повик до верниците Стево Пендаровски станал претседател на Македонија, во истото гостување на ТВ 21 откри и дека СДСМ требало да го награди со пари поради овој негов потег.

-И што направи, кај се ветувањата кои ми ги даде мене?, ветувањето дека требаше да го врати Калето, локацијата… Ми кажаа за 20 дена парите ќе ги имаш во банка на трансакциска, вели Реџепи.

Реџепи рече дека благодарение на неговата интервенција и повик до муслиманите, Стево Пендаровски е избран за претседател и дека тоа му го признал и самиот Стево. „Ова е твоја победа, не моја“, му рекол Пендаровски на тогашниот Реис на ИВЗ, Сулејман Реџепи.

„Миле Зечевиќ од СДСМ, преставник на Зоран Заев и преставник на ДУИ беше Изет Меџити, ме молеа да ги примам на состанок. Јас да ги примам на состаник, ама каде? Каде сакаш ти. Не, јас им реков каде сакате вие, нема потреба од молба. Тие се луѓе што преставуваат сериозни субјекти. Важно е што јас прифатив, дојдов во Домот на пратеници. Побараа од мене да ги помогнам, со апел за изборот за преседател на Стево Пендаровски. Два Пендаровци, двајца Стевовци можеа да се изберат со тие гласови со кои интервенирав јас. Ја повикав мојата популација, моите муслимани и тоа даде резултат, а и самиот Стево Пендаровски ми има кажано, ова е твоја победа не моја“, рече поранешниот Реис Сулејман Реџепи.

Реџепи образложи од кои причини решил да се повлече од функцијата поглавар на ИВЗ, а една од нив била посебна.

„Муса Џафери и Блерим Беџети од ДУИ, како пријатели дојдоа кај мене и ме замолија да се повлечам и да дадам оставка, поради тоа што било подобро за мене лично пред парламентарните избори, за да не ме етикетираат за негативни работи“, истакна Реџепи.

Реџепи поднесе оставка на 30 мај оваа година, а на негово место во моментов е Шаќир Фетаху.