
Јане Миланов, штипскиот в.д градоначалник информира дека е во самоизолација поради неколку ризични контакти, меѓу кои и со лице со изразени ковид-19 симптоми. Тој во самоизолација е од почетокот на неделава.
– Иако немам пројавено никаков симптом, по епидемиолошка препорака и од морални причини ќе останам во самоизолација уште некој период, за да избегнам предизвикување на каква било опасност по здравјето на луѓето во мое опкружување. Да останеме обединети во борбата против ова зло, од кое сме засегнати буквално сите – напиша на Фејсбук Миланов.