ВМРО-ДПМНЕ: Крвави се рацете на Заев и Филипче, прогласија кризна состојба, а си тераат избори

Денес има 1.198 новозаразени случаи и 26 мртви. До сега над 1.400 починаа, а Заев и Филипче тераат избори во Штип и Пласница, обвини опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

„Ако се грижеа за здравјето на граѓаните тоа немаше да им биде приоритет туку спасување на животите на граѓаните. Достигнувањата на Заев и Филипче се следни. Македонија е на 107-мо место во светот, а на 37-мо место во Европа во број на направени тестови. Македонија е на 8-ма држава во Европа и 17-та во светот по бројот на смртни случаи на милион жители, со бројка од 671 починат на милион жители. Оставка на Заев и Филипче е единственото решение затоа што тие освен пари ја чинат државата и животи. Заев и Филипче немаат ниту еден проект зад себе освен пустош и криминал. Тие се изворот на проблемите, а не решение“, се вели во соопштението на опозицијата.