
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, вели дека според проценките на Европската агенција за лекови, првите дозволи за употреба на вакцината против Ковид-19 се очекуваат во втората половина на декември, и тоа за вакцините на компаниите „Фајзер“ – „Бионтек“ и „Модерна“.
Европската агенција за лекови објави дека до крајот на годината треба да се даде зелено светло за употреба на вакцината против Ковид-19 на територијата на ЕУ и вакцинацијата да започне во јануари 2021 година.
ЕУ предупредува дека е потребно да се развие стратегија за вакцинација и да се утврдат приоритетните групи што ќе бидат вакцинирани со првите достапни дози.