Со здруженијата, асоцијациите и коморите работиме заеднички на донесување на сите можни мерки, предложени од нивна страна за ублажување на кризата. Сите четири сегменти и сетови мерки беа донесени по барање на коморите. Покрај соработката и отвореноста, АППТ секогаш работи со аргументи, статистики и постигнувања, изјави денеска директорот на АППТ Љупчо Јаневски откако туристичките и угостителските здруженија побараа негова оставка.
Тој додаде дека дека Агенцијата прва во регионот создаде Координативно тело, на нејзино барање, во кое учествуваат и членуваат сите засегнати страни од труизмот.
Јаневски информира дека Агенцијата бара од Комисијата за заразни болести и од Министерството за здравство да донесе посебни протоколи кои ќе овозможат отворање на домашните ски – центри, а во понеделник, на состанок на Координативното тело, се очекува сите комори, здруженија и асоцијации да дадат дополнителни предлози за ублажување на корона-ударот. Предлог-мерки, среднорочни и долгорочни, ќе изнесат и АППТ, како и Министерството за економија.
Според него, иако досега се искористени само 43.000 ваучери за домашен туризам, ваквата поддршка дава резултати и треба да продолжи догодина, а треба и да продолжи и рокот за ваучерите кои не се искористија.
Тој смета дека зкрепнувањето на туризмот треба да биде „зелено“ и насочено главно кон регионот, што подразбира создавање воспоставување т.н. зелени коридори со Србија, Црна Гора, Албанија и Косово кои ќе овозможат да се патува без ПЦР тестови и без какви било задржувања на туристите, на што АППТ веќе работи.
Фокус на претстојните активности на Агенцијата ќе биде привлекување гости пред се од региноот, ставање во функција на Бислимската клисура, водичот „Виа игнатиа“, како и означувањето на чаршиите во Ресен, Охрид, Битола и Прилеп. Акцент ќе се стави и на зголемување на посетите на блогерите и инфлуенсерите, ќе се овозможи адреналински туризам во Крушево, Демир Капија и Маврово, како и ќе се тагираат 10-те најкачувани врвови во земјата. Ќе се понудат патеки, водичи и апликација, два електронски водичи – Скопје град на солидарноста и за 50 музеи што треба да се посетат, арехолошки водич и други промотивни алатки и материјали.