Регионалниот центар за управување со кризи на град скопје (ПО-РЦУК Скопје), извести дека утре, петок 4-ти јули, ќе има прекини во напојувањето со електрична на некои улици во централното градско подрачје, како и неколку околни села.
Без струја, во периодот од 9.30 до 11 часот, утре ќе бидат и дел од корисниците од улица „Ангел динов“ (општина Карпош), во периодот од 11 до 13 часот, дел од корисниците од улицата „11 октомври“ бр.46 . (општина Центар), и во периодот 8 до 10 часот, дел од корисниците од агино село, фискултурното училиште и ФФК, како и дел од улиците „Јордан Мијалков“ и „Димче Мирчев“ (општина Центар).
Според соопштенито од центарот, во периодот од 9 до 10 часот, дел од корисниците од улицата „Франклин рузвелт“ бр.68 влез 1 (општина Центар), во периодот од 9 до 12 часот, корисниците од одмаралиште „Младост“ на Водно. (општина Карпош), во периодот од 9 до 15 часот, дел од корисниците од селото мирковци – улица број 1, ( општина Чучер Сандево ), дел од улицата „Александар Македонски“ (општина Ѓорче Петров), и корисниците од село батинци, улици 6, 7, и 8 во населба Љубош (општина Студеничани)