
Шакира на 13 јули на „Маракана“ после финалниот натпревар ќе го изведе својот мегахит „La La La“, кој дефинитивно го одбележа првенството.
Иако песната не е официјална песна на Мундијалот, сепак ја надмина слушаноста на химната во изведба на Питбул, Џенифер Лопез и Клаудија Леите.
Ова ќе биде трет пат Колумбијката да го затвори светското првенство, со оглед на фактот дека настапуваше на церемониите за затворање и во 2006 и 2010 година.
Слушнете го уште еднаш неверојатниот хит на Шакира, кој за помалку од 1,5 месец собра речиси 190 милиони прегледи на Јутјуб.