
Почна финалната фаза од изградбата и уредување на голем паркинг простор меѓу Лешочкиот манастир и специјализираната болница за белодробни болести и ТБЦ во тетовски Лешок. Денеска почна асфалтирање на целокупниот простор од 2300 метри квадратни.
-Митрополитот тетовско-гостиварски г. Јосиф во Лешочкиот манастир го прими градоначалникот на општина Теарце г. Исен Асани кој беше да види како се одвива релизацијата на проектот за уредување и изградба на паркинг простор во Лешочкиот манастир. Проектот се финансираше со средства на Министерството за локална самоуправа и Бирото за регионален развој,а дел и од сопствени средства на манастирот, информираа денеска од епархијата.
Од 1 февруари во Лешочкиот манастир започна градба на новиот конак кој во текот овие десет месец беше изграден и уреден.
Воедно, во склоп на манастирот од 2019 година во неколку фази се врши конзервација и заштита на фрескоживописот во манастирската црква „Успение на Пресвета Богородица”, како и дренажа околу храмот со цел заштита од подземни води.
Дел од проектот воден од Националниот конзерваторски центар е реконструкција на стариот конак до црквата „Свети Атанасиј”.