19.8 C
Skopje
петок, октомври 18, 2024

(ФОТО) Протест на жителите на Пржино за никнувањето на нови згради, а општината глува и слепа на нивните барања

Жителите на Пржино денеска излегоа на протест поради менувањето на населбата од корен и никнувањето на новите згради кои не ги посакува никој.

Тие на протестот истакнаа дека не сакаат да живеат со уште позагаден воздух и со затскриено сонц попречено од сите згради кои ќе никнат во иднина.

„Зарем ќе дозволиме и на потегот од ЗУР маркетот до Месната заедница да ни кренат уште згради? Наместо парк како што првично беше планирано?“, прашуваат тие.

Инаку тие алудираат и дека се комплетно незадоволни од општината која не презема ништо околу овој проблем со кој се соочуваат жителите на Пржино.