По 138 дена Австралијците повторно слободно се движат

Границите меѓу Викторија и Нов Јужен Велс се отворени од понеделникот по полноќ по локално време откако на 8-ми јули движењето на населението меѓу двете најгусто населени држави на Австралија беше ограничено со строг карантин поради сузбивањето на епидемијата на коронавирусот.

Првпат по 138 денови, граѓаните може слободно да се движат од едната во другата држава, Локалните медиуми известуваат дека на главниот автопат кој води мешу соседните регионални градови Водонра и Албари е поставен диџеј пулт кој со музика го одбележал минувањето на првите возила точно на една минута по полноќ.

Националната телевизија ABC објави снимки од славеничко дочекување на патниците од Мелбурн на аеродромот во Сиднеј. Пред избувнувањето на пандемијата на коронавирусот, авионската линија меѓу двата најголеми австралиски града беше втората најпрометна воздухопловна рута во светот.

Воздухопловните компании „Airlines Qantas“ и „Jetstar“ продале повеќе од 25.000 авионски билети во првите 48 часа откако претходно овој месец беше најавено дека ќе бидат укинати ограничувањата за движење преку границите на сојузните држави.

Сојузната држава Викторија беше жариштето на вториот бран на епидемијата на коронавирусот во Австралија, поради што беше воведен строг карантин, откако бројот на новозаразените на дневно ново достигна 700 случаи на инфекција. Мелбурн, со 4,9 милиони жители, беше парализиран 112 дена кога по наредба на локалните власти, луѓето не смееја да ги напуштаат своите домови, освен во ретки исклучителни ситуации.

Откако кон крајот на октомври започна укинувањето на ограничувањата, Викторија не бележи нови случаи на заразата. Во понеделникот беше забележан 24-от ден без нови случаи на заразата, па во моментов во оваа австралиска држава има само еден активен случај на Covid-19.

Нов Јужен Велс, најголемата сојузна држава во австралиската федерација со околу 6,7 милиони жители, пак, во моментов го бележи 16-от ден без нови случаи на локално пренесување на коронавируот.

Минатата седмица, Јужна Австралија најави воведување привремен шестдневен карантин по остриот скок на бројот на новозаразените. Карантинот беше укинат три дена порано, бидејќи беше откриено дека заразениот лажел за околностите на преносот на заразата. Во понеделникот Јужна Австралија забележа само еден нов случајј на Covid-19.

Од почетокот на избувнувањето на пандемијата на коронавирусот, Австралија со околу 25 милиони жители забележа досега малку над 27.000 случаи на коронаинфекции, што е според бројот на населението значително помалку од повеќето развиени земји. Досега во Австралија како последица од компликации од Covid-19, починаа 907 лица, од кои дури 819 луѓе во државата Викторија. Австралија во сузбувањето на заразата спрведува карантински мерки комбинирани со ригорозни тестирања и следење на случаите на заразите,