Ковид центарот во Гевгелија ќе може да прими најмногу 15 пациенти

Подготвен е теренот на кој ќе биде поставена ковид модуларната болница во Гевгелија, а кон крајот на оваа недела се очекува да почне изведбата на болницата, соопшти Министерството за здравство.

Оттаму соопштуваат дека целосно е завршено бетонирањето, а поставена е и инфраструктурата, довод, одвод до канализациска мрежа, подземен кабел за струја.

Ковид центарот во Гевгелија ќе биде со површина од 400 квадратни метри со посебен влез за персоналот. Посебен влез ќе има и за прием, евиденција, преглед, тестирање, можност за рендген, ЕХО преглед на пациенти и одредување терапија. Ќе има соба за изолација и стационар за хоспитален третман до максимум 15 пациенти.