
Оглас за вработувања без преседан беше објавен овој викенд, и траеше само два дена во саботата и неделата, а се однесување за повеќе работни места во основното училиште „Петар Мусев“ во Богданци
Имено во петокот на 20-ти ноември е ставен огласот во кој во рок од само два дена или до недела 22-ти ноември се бараат професор по англиски јазик, библиотекар, наставник по информатика, како и советник за одделенска настава.
Кандидатите имаа рок за пријавување само од два дена, а двата за жал беа сабота и недела.
За овој скандал надлежните институции сѐ уште молчат, а ова е повеќе од доволен доказ дека работите се изместени од колосек и дека вработувањата во државните институции, особено образованието одат по матен пат…