Црна Гора трета во светот според бројот инфицирани на милион жители

Црна Гора, според податоците на специјализираната интернет страници Worldometers.info, е на третото место во светот според бројот на случаите на коронавирусот на милион жители, пренесуваат во понеделникот црногорските медиуми.

Пред Црна Гора, која според податоците на овој веб-портал имала 49.454 случаи на милион жителите, се наоѓаат само Андора со 80.917 и Бахреин со 49.707 случаи на коронаинфекции.

Во Црна Гора во моментов, според информациите за тамошните здравствени власти, активни се 11.132 случаи на инфекциите, додека од почетокот на годината регистрирале 31.062 случаи на Covid-19, што покажува дека повеќе од пет отсто Црногорци биле или се заразени со коронавирусот.

Во Црна Гора од почетокот на пандемијата од последиците на коронавирусот починале 439 пациенти, што според податоците на Worldometers.info земјата ја прави 17-та на светот според бројот на смртните случаи, односно со 699 во проекција на милион жители.

 

Во Подгорица за две седмции зразени 1,5 отсто од жителите

Црногорските здравствени власти и покрај највата сѐ пте не донесоа одлука за „затворање“ на главниот град Подгорица, иако во последните две седмици со коронавуристо се заразиле еден и пол отсто од популацијата, во градот во кој живее третина од вкупното население на Црна Гора.

Во соопштението на црногорскиот Институт за јавно здравје се наведува дека во главниот град на Црна Гора од 7-ми до 20-ти ноември се потврдени 3.790 нови случаи на коронавирусот и дека моменталната „14-дневната стапка на заболувањето на 100.000 жители во Подгорица изнесува 2.002“.

Директорот на подгоричкиот Здравствен дом, Небојша Кавариќ, ги повика сите жител на црногорската престолнина, кои можат да го направат тоа, следните две седмици да останат во своите домови.

Од средината на ноември во целата Црна Гора се заострени епидемиолошки мерки кои подразбираат полициски час од 21 часот навечер до 5 часот наутро, забрана за собирања и одржување на верски служби во присуство на верници, а носењето на заштитните маски од претходно е задолжително и на оворени и на затворени простори за сите повозрасни од пет години. Истовремено, угостителските објекти може да работата, но под псоебни услови кои предвидуваат оддалеченост меѓу гостите од два метра, носење заштитна маска додека се седи на маса со исклучок таа да се поттргнува при консумирањето на храната или пијалокот.