Зголемување за 18 отсто на смртните случаи од Covid-19 последната седмица

Број на починати лица како последица од компликациите предизвикани од Covid-19 бележи зголемува од 18 отсто во однос на претходната седмица, односно 204 смртни случаи од 24 града се пријавени во периодот од 16-ти до 22-ри ноември, велат податоците од неделниот извештај на Институтот за јавно здравје.

„Во однос на возраста, 155 лица биле над 60 години, 26 лица на возраст од 50-59 години, 18 смртни случаи се пријавени од возрасната група 40-49 години и 5 случаи во возрасната група од 30-39 години. Од смртните случаи, епидемиолошки се истражени 128 или 62,7 отсто“, стои во извештајот на ИЈЗ.

Во однос на бројот на новозаболени, во наведениот период се потврдени 7.486 позитивни случаи од 35 градови, што е зголемување во однос на минатата недела од 1,8 проценти.

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=3.255; 43,5 отсто), со неделна инциденца, односно ширење на заразата од 535,1 на 100.000 жители. Во наведениот период, процентот на позитивни од тестирани лица изнесува 38 отсто..