Американска провокација во руските територијални води

Руски противподморнички брод го затекнал американскиот разурнувач „John S. McCain“ во руските територијални води во Јапонското Море и го протерал, соопшти во вторникот рускот министерство за одбрана.

Според официјална Москва, рускиот противподморнички разурнувач „Адмирал Виноградов“ од составот на Тихоокеанската флота, го пресретнал американскиот воен брод и преку меѓународоден комуникациски канал вербално го предупредил дека ќе употреби сила за да го натера да ја напушти областа.

Ваквите поморски инциденти меѓу борбени пловила на Русија и САД се реткост, но овој е само дополнителна илустрација на лошите дипломатски и воени односи меѓу двете супер сили кои се на најниското ниво од крајот на идеолошката Студена војна.

По предупредувањето, американскиот разурнувач се вратил во неутралните води. Инциденеот се случил во водите на Заливот Петар Велики рано утрото во вторникот, кога „John S. McCain“ навлегол два километра во руските теротиријални води.

Министерството за одбрана додава дека американскиот брод не правел повеќе обиди да вплови во руските водини, но бил следен од рускиот разурнувач кому му се придружила и корвета.