
Следната американска администрација ќе претставува предизвик за противниците и нема да ги отфрли сојузниците, е визијата за надворашната политика во која САД го преземаат глобалното водство, изјави во вторникот Џо Бајден кој се смета за избран претседател, во моментите кога е најавен почетокот на пренесувањето на овластувањата преставувајќи ги клучните личности во својот тим.
„Америка се врати. Ние ќе ја играме водечката улога во светот, нема да се повлечеме од неа (…), нема да ги отфрлиме нашите сојузници, бранејќи ги своите вердниоси“, порача Бајден.
„Америка е подготвена да ги предизвика нашите противници и да соработува со нашите традиционални сојузници. Америка се врати!“, додаде демократот кој очекува на 20-ти јануари да биде инаугуриран како 46-от претседател на САД.
Претставувајќи ги кандидатите за клучните позиции во неговата администранција, ги истакна оние задолжени за надворешната политика и националната безбедност.
„Тие ги отелотворуваат моите основни убедувања дека Америка е најсилна кога дејствува со своите сојузници. Главно, оваој тим постигна некои од најважните достигнувања во националната безбедност и дипломатијава во последниот период. И покрај тоа што овој тим има незаменлово искуство и достигнувања, тој исто така ја одразува идејата дека не можеме да се соочиме со предизвиците со стариот начин на размислување без да ги менуваме своите навики“, рече Бајден.
Според поранешниот американски потпретседател, членовите на неговиот тим „со децении работат со американските партнери“. Имено, голем број од претставените во новата администрацијата се колеги на Бајден од администрацијата на претседателот Барак Обама.
„Можеме да ја осигуриме безбедноста на Америка без да се вклучуваме во непотребни воени конлфикти, да ги држиме противниците под контрола, а терористите притиснати в ќош. Ќе му се спротиставиме на тероризмот, ќе ја контролираме сегашната пандемија и (можните) идни, ќе се бориме со климатската криза, ширењето на нуклеарното оруќје, заканите во кибернетичкиот простор, ќе работиме со перспективните технологии“, истакна Бајден.
Бајден рече дека неговиот избор на Ентони Блинкен за државен секретар, ќе ги обнови „моралот и довербата“ во американскиот Стејт департмент, задолжен за дипломатските односи на земјата. Неговиот тим, рече Бајден, го отсликува неговото темелно убедување дека „Америка е најсилна кога соработува со сојузниците“.
„Овој тим ги одразува фактите дека Америка се враќа, дека е подготвена да го води светот, а не да се оддалечува од него“, повтори Бајден кој и по изборите одржани на 3-ти ноември не го напушта својот дом во Вилмингтон во сојузната држава Делавер.
Бајден рече дека бил „позитивно изненаден“ од јавувањата на светските челници „колку се радуваат што САД повторно ја преземаат својата историска улога на глобален лидер, како преку Пацификот, така и преку Атлантикот, ширум светот“.
Во тимот на Бајден е и поранешниот државен секретар Џон Кери, кој изненадувачки не ја презема дипломатијата, иако станува збор за искусен и вешт преговарач, туку ќе биде специјален претставник на претседателот за климатските прашања, но ќе има место во Советот за национална безбедност. Бајден, имено, има намера повторно САД да ги врати во Парискиот договор за климатските промени од кои ги изведе неговиот претходник.
Кери од Вилмингтон ја повика меѓународната заедница на „поголема амбиција“ во борба против климатските промени што, како што рече, е приоритет за Бајден.
Парискиот договор за климата потпишан во 2015 година, „самиот посебе не е доволен“, рече Кери повикувајќи ги учесниците на конференцијата COP26 под покровителство на ОН која ќе се одржи во ноември 2021 година во Глазгов, дека 2имаат повеќе заеднички амници или нема сите заедно да успееме“.
Линда Томас-Гринфилд ќе ја извршува должноста амбасадорка во ОН, а Џејк Саливен е нов советник за национална безбедност.
Томас-Гринфилд деке дека „Америка се врати, мултилатеризмот се врати, дипломатијата се врати“. Вети пресверт од изолационизмот, инаку уште една од историските тенденции во надворешната политика на САД, која делумно ја спроведуваше републиканскиот претседател Доналд Трамп.
Ентони Блинкен денеска, исто така, денеска се огласи од Вилмингтон и повика на меѓународна соработка за да се „решат светските пролеми“. „Не можеме самите да ги решаваме проблемите во светот, мораме да работиме со другиет земји“, рече Блинкен.
Аврил Хајнес, доколку биде потврдена во Сенатот, ќе стане директорка на Националната разузнавачка служа, а со тоа и првата жена на оваа позиција. Алехандро Мајоркас ќе го води министерството за внатрешна безбедност и ќе биде првата личност со латино потекло на оваа должност, која ги надгледува клучните агенции за спроведување на законите и имиграцијата.
Актуелниот претседател Доналд Трамо се согласи да започне преносот на власта, иако и натаму одбива да го признае поразот. Но Бајден сега успеа да дојде до тоа што најмногу настојувше, односно да има пристап до милиони долари во фондовите, доверливите разузнавачки бриофинзи и до клучните владини контакти во државните агенции за да ја преземе претседателската должност.