
Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, 60-годишниот Диего Армандо Марадома, почина од срцев удар, објавија во средата медиумите во неговата родна Аргентина.
Како што се наведува во медиумските извештаи, Марадона претрпел кардиоресприторен застој во својот дом во Тигре, каде што закрепнуваше по неодамнешната операција на мозокот со којашто му беше острането згрутчување на крвта.
На почетокот од ноември Марадона беше хоспитализиран поради анемија и дехидрираност, иако неговата состојба почнала да се поправа прегледот со компјутерска томографија покажал крвно згрутчување во мозокот кое бараше итна операција.
Марадона на крајот од октомври заврши во самоизолацја поради контакт со лице заразено со коронавирусот, но сепак по само неколку дена се појави на својот роденден на мечот на Гимназија каде беше тренер. Како што тоаш известија медиумите, Аргентинецот го напуштил стадионот прикрепувајќи се за двајцата телохранители и изгледал многу лошо.
Марадона е сметан за еден од најдобрите фудбалери на сите времиња. Со репрезентациајта на Аргентина ја освои титулата светски првак во 1986 година, а во текот на кариерата во којашто настапуваше за великаните Аргентина Јуниорс, Бока Јуниорс, Барселона, Наполи со кој ги освои двете титули шампион на Италија и ден денес го има статусот на божество, за Севилја, за Нувел Олд Бојс, а кариерата ја заврши во својата Бока Јуниорс.
Тренерската кариеара ја започна во Текстил Мандиј, а потоа го водеше Расиг Кклуб, а од 2008 до 2010 гподина и селекцијата на Аргентина. Ги тренираше и играчите на Ал Васл, Депортиво Рисестра, Фуџиара, Доадос де Синелоа, а последниот клуб што го водеше беѓе Гимназија де Ла Плата.