Во разговор за Канал 5, Драги Ѓоргиев копретседател со мешовитата комисија за историја, за скандалозното интервју на премиерот Зоран Заев вели дека тоа се лични позиции на политичар, чија цел веројатно била да покрене некакви иницијативи во двете општества.
Сепак, за Ѓоргиев улогата на Бугарија во Втората Светска Војна е јасна и таа не била само од административен карактер.
-Ставот на Комисијата за присуството на бугарската војска овде е окупација. Бугарија влегува како окупатор, влегува со воена сила и окупира делови од кралството Југославија. Не може поинаку да се дефинира освен како окупација. Секоја сила нели носи и своја администрација, но самиот чин на тогашната бугарска држава не може да се дефинира поинаку, вели Ѓоргиев.