
Најзаслужниот за одличните резултати кои беа постигнати на Мундијалот во Бразил, репрезентативниот голман на САД, Тим Хауард, откри дека е можно да стави крај на репрезентативната кариера.
“Во овој момент, се ми е чудно. Искрено, не можам да кажам дека се е црно и бело. Сега на прво место ми е мојата психичка состојба. Можно е да ставам крај на мојата репрезентативна кариера. Сепак, нема место за паника, националниот тим на САД ќе биде во добри раце, тука е Бред Гузан. Станува збор за одличен голман, за стандарден првотимец, за голман кој брани во англиската Премиер лига”, изјави Хауард.