Филипче потврди дека нема усогласена стратегија за лекарите како да постапуваат во поединчени ковид случаи

Министерот за здравство Венко Филипче на прес-конференцијата во петокот  одговарајќи на новинарско прашање потврди дека во Македонија нема усогласена стратегија за лекарите како да постапуваат во конкретен или поединечен случај на Covid-19.
Повеќе лекари и експерти во Македонија од поодамна сугерираат дека, можеби, во земјата се води погрешна стратегија во лекувањето, и оти тоа е веројатната причина за големата смртност.
Микробиологот Пановски, смета дека големата смртност се должи на лекувањето во домашни услови кое почнува со огромни дози од антибиотици кои прават проблеми во општото здравје на пациентите кои набрзо завршуваат во болница, но според Филипче лекарите се координирани и постапуваат според клиничката слика.
„Во однос на препораки, конкретни за лекување во однос на користење на терапија имаме пристап да воопшто не се препорачуваат лековите кои што не се докажани дека помагаат за оваа болест. Дел од лековите за коишто се дискутира се практично лекови само за болничка употреба, а за ‘фавирапир’ има 30 студи кои сѐ уште не се завршени. Во таа смисла матичните лекари постапуваат според клиничката слика и состојба. За оваа болест едноставно не постои алгоритам во светот кој што треба да се прати. Тоа ние го гледаме и кај пациентите во болнички устави и тие кај матичните лекари“, рече Филипче.
Додаде дека во болничките установи станува збор за една организирана и координирана работа за споделување на сите информации, но тоа што има пациенти коишто имаат широка лепеза, огромен броанифестации на болеста во смисла на различна клиничка слика, сепак остава простор за пристап според клиничката слика односно манифестацијата, а таа зависи од секојдневните анализи кои се менуваат секој ден.