Револтиран од уцените, стружанецот Јолески го врати бугарскиот пасош

Стружанецот Васко Јолески се откажа од бугарското државјанство револтиран од последната политичка ситуација. Тој бугарскиот пасош и патните исправи ги испрати по пошта од едно од нивните претставништва во нашата земја.

Јолески тврди дека пасошот кој го издвадил во 2003 година  му бил потребен од егзистенцијални причини, но сега кога Македонија е уценета и понижена од државниот врв на Бугарија ниту една привилегија што ја нудат европските исправи не е доволна да ја компензира штетата која и се нанесува на македонската држава, па револтиран поради тоа се одлучил на ваков чекор.

Јолески како што истакна бугарски пасош земал и поради здравствени причини бидејќи е еден од пациентите кој чека трансплантација на срце.

Стружанецот ги повика и останатите кои поседуваат бугарски исправи доколку се во можност да го направат истото.