Над 60 уапсени на протeстите прoтив рестриктивните мерки во Лондон

Повеќе од шеесет лица се уапсени во саботата во Лондон во текот на протестите организиране против рестриктивните мерки кои ги воведе британската влада во напорите да ја сузбие епидемијата на коронавирусот, соопшти Скотланд јард.

Аспењата следеле бидејќи демонстрантите направиле низа прекршоци, меѓу кои и „кршење на рестриктивните мерки донесени поради сузбивањето на ширењето на коронавирусот“, објави на Twitter лондонската полиција, која претходно ги повика жителите на Лондон да не учествуваат на протестот, чие одржување го забранија властите поради епидемиолошкото „затворање“ на целата земја.

„Очекуваме бројот на приведените да се зголеми“, се додава во соопштението на полицијата на британската престолнина.

Според медимските извештаи повеќе стотици лица протестирале скандирајќи „Слобода!“ и истакнувале транспарентни на кои пишувало „Престанете да нѐ контролирате“ и „Не сакаме повеќе затворања“.

о долгото четирининедлно затворање, Велика Британија од следната среда ќе се врати на системот на рестриктивни мерки воведени по регионот, зависно од зачестеноста на заразите и смртноста од коронавирусот, а во согласност со системот кој се темели на три новоа на опасност.

Продавниците чиишто работење не е неопходно за финцкионирање на заедниците повторно ќе бидат отворени, а ќе биде укината и препораката за останување во домовите. И натаму ќе се препорачува работа од дома, во секоја дејност во којашто тоа може да се изведе.

Но во деловите на Велика Британија со најголемо ниво на оапсност, како што се Бирмингем, Манчестер, Њукасл, Бристол и Лидс, во кои живеат вкупно 23 милиони жители, пабовите и рестораните и натаму ќе бидат затворени, а на клиентите ќе им се нуди само храна за носење и домашни испораки.

И натаму ќе биде забрането и дружењето на лица кои не се од исто семејство, во домашни услови или надвор, со исклучок на дружењата во парковите.

Со повеќе од 57.000 починати, во 28 денови од позитивниот тест на коронавирусот како што пресметуваат британските здравствени власти, Велика Британија е една од најпогодените земји во светот во пандемијата на коронавирусот.