Чашуле: Заев нема допир за реалноста, крајот му се испорача со интервјуто за БГНЕС

Мора да му се застане на патот на Зоран Заев. Тоа што почна во 2017-тата година од неговото доаѓање на власт, односно распродажбата на се што ни е мило и драго во оваа наша и мила Македонија, мора да престане пред да биде предоцна. Очигледно нашиот премиер, мора да го кажам нашиот иако не го чувствувам за свој, но сепак се потпишува како претседател на Владата на мојата држава, нема допир со реалноста. По се изгледа има комплекс на спасител, на пророк кој е испратен тука да ни ги отвори очите, да ги отвори портите кон Европа и како таков го чека специјално место меѓу светците“, истакна Коле Чашуле во емисијата „Седмица“.

Чашуле додаде дека не може да верува било кој рационален човек или политичар може свесно да го прави ова што го прави Заев.

„Мислам дека е толку занесен во таа улога на месија што не е свесен тоа што го прави. Да ги тргнеме на страна сите глупости од интервјуто и погледнете ја таа самобендисаност која ја прикажува во разговорот, дека се од него зависи и без него не може и не смее ништо да се случи“, рече Чашуле.

Чашуле го цитираше Заев каде што вели дека тој казнува, тој ќе помирува, тој единствено ја разбира историјата,а другите не, тој дава гаранции, тој има мандат од четири години, тој само се може, другите се никој и ништо.

„Изгледа странската поддршка прави чудо од политичарите“, појасни Чашуле.

Тој  кажа дека фамозното интервју за БГНЕС на Заев му го испорача крајот на политичката кариера. „Фашистичка окупација не смее да се нарекува администрација, тоа е негираше на фашизмот. Тоа е како холокаустот да го наречеш владеење. Тоа е просто недозволиво. Е, сега дали Заев е свесен колку овие негови тези копаат длабоко и болно историските рани, и тоа не по учебниците и спомениците кои што сака да ги менува туку по личните рани на безброј семејства во оваа наша Македонија кои крв пролеале поради бугарската фашистичка чизма. Особено кога секој од нас има некој во семејството, кој страдал од тие окупатори“, нагласи Чашуле.