Се воведува редовна авиолинија Скопје – Киев

На релацијата Скопје – Киев од недела 6-ти декември ќе биде воведена редовна авионска линија. Новите летови, што се воспоствуваат првпат меѓу Украина и Македонија, ќе ги реализира авиокомпанијата WINDROSE.

Летовите 7W791 / 792 ќе се извршуваат секој четврток и недела.

„Првпат во историјата на односите меѓу Украина и пријателска Република Северна Македонија од 6 декември 2020 година се воведуваат летови на релација Кијив-Скопје – Кијив!, соопшти денеска амбасадата на Украина во Скопје.

Летовите од аеродромот Бориспил ќе се извршуваат со авиони „Embraer-145“ и „ATR72-600“. Покрај тоа, истакнуваат одаАмбасадата, WINDROSE нуди удобен транзит од регионите на Украина: Харков, Днепар Одеса и Лвов.

„Постоење на директните летови ќе придонесе за интензивирање на билатералната соработка – зајакнување на бизнис врските, развој на туризмот во двете земји, подобро запознавање на граѓаните на Северна Македонија со Украина и на Украинците со Република Северна Македонија. На овој значаен настан беше посветена средбата на амбасадорката на Украина  Наталија Задорожњук со генералниот директор на TAV Macedonia Метин Батак на аеродромот на Скопје на 26 ноември 2020 година„, стои во соопштението  објавено на фејсбук страницата на Амбасадата на Украина.

На веб-страницата на WINDROSE веќе може да се купат картите и за Киев и за Скопје.