(ФОТО) Николоски: Денеска оставка, за да се спречи Зоран Заев да продава сѐ што е македонско

Уште денеска мора да се стави крај на распродажбата на сѐ што е македонско од страна на Зоран Заев, порача потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николски, во вторникот обраќајќи им се на раѓаните собрани пред Владата на протстот против преговорит кои со соседна Бугарија во тајнсот ги води владата на Заев

„Еве веќе една седмица, Македонците, граѓаните на Македонија, од сите краеви на Македонија го креваат гласот против најголемото национално предавство кое и се случува на Македонија“, рече Николоски во обраќањето.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека присуството и блокадата пред Владата преттаввуаат уште еден сигнал за оние кои седат во Владата, а се предводени од Зоран Заев.

„Ова овде, оваа бокада е уште еден сигнал за оние кои седат позади, тука на чело со Зоран Заев, дека денес, сега, ова е моментот во кој треба да поднесат оставка  и да престанат да ја понижуваат Македонија и македонкиот народ“, реле Николоски.

Во своето обраќање пред присутните кои во вторникот напалдне на повикот на опзицијата ги блокираа приодите кон зградата на Владата,  Николски, исто така, порач дека Заев мора да си поднесе иставка „денека, за да не биде доцна“ потоа.

„Денеска оставка, за да престанат националните понижувања. Денеска оставка, за да престанат да тргуваат со македонската историја, македонскиот  национален идентитет, македонскиот јазик, македонската култура. Денеска оставка, затоа што за пусти пари распроадваат работи кои не се проадваат, за  пари за бизниси, за да им работат фирмите во Струмица, ама и фирмите во Бугарија,   да им работат фирмите во Струмица, ама и фирми во Петрич“, порача вториот човек на ВМРО-ДПМНЕ.