
Во последните 24 часа биле забележани рекордни 7.999 случаи на коронавирус од 22.837 тестирани, а починаа 48 лица.
Ова е најголем број на тестирани и заболени од коронавирус од почетокот на пандемијата.
На апарати за дишење се приклучени 269 пациенти.
Угостителските објекти и услужните дејности ќе можат да работат само до 17 часот во работните денови, а за време на викендите воопшто нема да можат да работат, е една од новите мерки предложени од Кризниот штаб, што ќе ги донесе владата на седницата во четврток.Мерките ќе важат од петок.