Американската пејачка Ријана и раперот Асап Роки биле видени заедно во Њујорк, со што ги потврдија гласините дека веќе една година се во љубовна врска.
Гласините дека парот е во врска започнаа уште во декември 2019 година кога заедно позираа на црвениот тепих на доделувањето на „Fashion Awards“ во Лондон. Подоцна, заедно ја прославиле и Новата година во Њујорк.
Ријана во јануари 2020 година ја прекина врската со арапскиот милијардер Хасан Џамил која траеше 3 години, а веднаш потоа започнаа да кружат трачеви дека е со Асап Роки.
„Тој отсекогаш мислеше дека Ријана е кул и прекрасна, но не сакаше да ја премине линијата бидејќи се многу блиски пријатели“, изјавил тогаш извор близок до раперот.
Асап Роки пред Ријана го поврзуваа со Кендал Џенер, со која наводно беше во врска помеѓу 2016 и 2017 година, додека Ријана пред него се забавуваше со Крис Браун и Дрејк.