![Fire at Moscow's Burdenko Neurosurgery Institute](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/12/1294523.jpg?resize=696%2C443&ssl=1)
Најмалку две лица загинаа, а повеќе од 20 се евакуирани поради пожар во болница во центарот на Москва, соопшти претставник на службите за итни случаи.
Пожарот избувнал утрово околу 4.50 часот, а објектот бил во процес на реконструкција.
Прес-службата на Државниот оддел за вонредни ситуации на Русија потврди дека за време на гаснењето на пожарот биле спасени 23 лица и оти во зградата имало персонал кој работел на реконструкцијата.