Вархеји и EPP е премногу меки кон Софија за блокадата на Скопје, оценува Politico

Еврокомесарот за добрососeдство и проширување Оливер Вархеји е премногу мек кон Софија во однос на блокадата на Македонија, пишува Politico во својата анализа за работата на комесарите во изминатава година.

Како најлош момент во работата на Вархеји,  изданието ја наведува токму блокадата на Бугарија кон земјава, поради билатералниот спор за јазикот и идентитетот.

„Блокадата на Бугарија за почнување на преговори за членство во ЕУ на Македонија, поради билатералниот спор околу јазикот и идентитетот, ѝ зададе удар на Комисијата, чија цел беше да ги стартува преговорите до крајот на годинава. Некои дипломати го обвинуваат Вархеји дека е премногу мек кон Софија, но повеќето велат дека главниот проблем е што Европската народна парија (EPP) не беше доволно тврда кон бугарскиот премиер Бојко Борисов, пишува Politico.

Во прилого се наведува и дека еврокомесарот Вархеји, исто така, е критикуван дека повеќе е наклонет кон унгарските интереси отколку кон интересите на ЕУ како целина

Според анализата на Politico, сепак, клучен играч за остранување на блокадата меѓу Бугарија и  Македонија е германското претседателство, а не Вархеји.

„Сѐ додека тоа не се случи, поголем дел од неговата работа е практично замрзната“, пишува Politico во анализата на работата на еврокомесарите