ВМРО-ДПМНЕ од протестот: Заев сака да не прогласи за дрво без корен

ВМРО-ДПМНЕ денеска од 17 часот со мирен протест под мотото „Оставка на Заев, слобода на народот“ го блокира Скопје на три локации – пред Владата, пред Министерството за правда и пред Министерството за надворешни работи.

Стефан Андоновски, Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ на денешниот протест пред МНР кажа дека никогаш не ни помислувавл дека некогаш ќе се протестира за еднаш изграден идентитет кој е пренесуван со децении.

– Гоце Делчев е апостолот на македонското револуционерно дело, никогаш не се борел за големо бугарските интереси за освојување на Македонија и ширење на Бугарија, тој се борел за ослободување на Македониј. Тој е апостолот на македонското движење и најголемиот Македонец и од него не смееме да отстапиме – истакна Андоновски.

Тој во своето обраќање посочи дека Владо Бучковски, Зоран Заев, Бујар ОСмани сакаат да преговараат за работи за кои не се преговара.

– Владата на Зоран Заев влезе во едно неофашистичка игра и во таа игра сака да избрише се што сме да не прогласи за дрво без корен. Владо Бучковски, Зоран Заев и Бујар Османи сакаат да преговараат  за работиме за кои не смеат да се преговара и затоа доста е. Време е за оставка, оставка за срамот, за лагите кои ни ги носеа дека имаме датум за преговори со ЕУ, оставка зошто рекоа дека нема да има декларација или дополнителен договор  со Бугарија, а го донесоа, оставка затоа што преговараа македонскиот јазик да биде со фуснота – потенцира Андоновски.

Тој порача дека партијата ќе мора да остане на барикадите, за, како што рече, да не ни биде криво еден ден што додека ни го менувале јазикот, идентитетот, нацијата, додека ни ја предале државата сме седеле дома и тоа нашите и идните генерации никогаш нема да ни го простат и да останеме сите заедно можеме да си избориме против ова.

Тони Михајловски на протестот пред Министерство за правда во организација
на ВМРО-ДПМНЕ под мото „Оставка на Заев, слобода на народот“ порача дека сега е
време сите заедно да се сплотат и да му се спротивстават на предавникот Зоран
Заев.

– Јас сум Македонец, мојата земја е Македонија, јазикот кој го зборувам е
македонски. Ова е еден од најцрните денови кои сме ги живееле, кога ни било
забрането да зборуваме на македонски јазик и да се раѓаме као Македонци. Не ни
веруваме дека човек може да е волку предавник и да му е толку трула душата и да
може да се одроди толку од сопствениот народ. За жал таквиот е роден меѓу нас и
се вика Зоран Заев –  рече Михајловски.