
Времето во понеделник во Македонија ќе биде облачно со врнежи од дожд, а на повисоките планини врнежите ќе бидат од снег.
Врнежите ќе бидат пообилни (над 35 литри на квадратен метар), на места поројни, проследени со засилен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура се во интервалот од 4 до 11, а максималната ќе достигне од 9 до 14 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината се очекува облачно време со пообилни врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Минималната температура се спушти до 7, а максималната ќе достигне 10 степени.
Променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Пообилни врнежи ќе има во среда, кога ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец