(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Како Заев лаже кога го продава идентитетот

Заев го продава македонскиот идентитет! Погледнете како лаже прикривајќи ги поразите. Оставка на Заев, слобода на народот, пишува на фејсбук, Христијна Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

„На 28.11.2020 Зоран Заев изјави дека македонскиот јазик и македонскиот идентитет не се на маса за преговори. Тој повторно во стилот на своето колнење рече дека никаде во светот не се преговара за идентитет и за свој мајчин јазик. Дополнително тврдеше дека Бугарија ја признава реалноста за македонскиот јазик и македонскиот идентитет.

Заев рекол, Заев порекол. Не помина ниту една недела, а Заев го демантираше Драги Георгиевски од Комисијата за историски факти помеѓу Бугарија и Македонија. Тој на 4.12.2020 потенцира дека од бугарска страна употребата на придавката „македонски“ е лимитирана целосно, без разлика како тоа е запишано во договорот кој го потпишал Заев, и без разлика како се толкува договорот од наша страна.
Требаше да помине само една недела за лагата на Заев да се делигитимира. Заев преговарал за идентитетот и тоа е факт.

Само еден ден потоа на 5.12.2020 Зоран Заев лично кажа дека придавката македонски му е веќе ПРОДАДЕНА!

Заев кажа: – Кога зборувате за македонските учебници, кога зборувате за македонската историја, кога зборувате за Македонски Брод… инсистираат да биде историјата на Република Македонија… секаде така.
Зоран Заев се откажа и го продаде сето а она што тврдеше дека е загарантирано. Заев ги продаде темелите на државата.

Заев ја распродава Македонија. Оставка на Заев, слобода на народот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.