Руската вакцина за Covid-19 ќе се произведува и во Јужна Кореја

Јужнокорејската компанија „GL Rapha“ планира да започне целосно производство на руската вакцина против коронавирусот „Спутник V“ во јануари следната година, соопшти корјесјкиот дневен весник News World и руските медиуми.

Според написите, јужнокорејската компанија веќе го започнала производството на пробна серија на руската вакцина која ќе биде испратена во Русија на тестирање во декември, а доколку тоа мине во ред, индустриското производство на „Спутник V“ во Јужна Кореја би започнало во јануари.

Се истакнува дека сите дози од вакцината произведени во Јужна Кореја ќе се извесуваат во земјите од Блискиот исток.

Рускиот фонд за директни вложувања (РФПИ) објави во ноември дека покрај со околу пет странски земји, постигнал договор и со јужнокорејската компанија „GL Rapha“ за производство од над 150 милиони дози од вакцината против коронавирусот на годшно ниво.

Тогаш беше објавено дека почетокот на производството е планиран за декември годинава, а испораките за извоз во јануари 2021 година.