
Саниран е оштетениот топловод и нормализирана е испораката на топлинска енергија за потрошувачите во населбата Кисела Вода, соопштија од БЕГ.
-Екипите на БЕГ во најкраток можен рок ја завршија санацијата на топловодот кој беше оштетен од страна изведувачот на градежни активности за новопроектираната улица „Есенинова”. Од 16:30 часот нормализирана е испораката на топлинска енергија за потрошувачите од населбата Кисела Вода, се вели во соопштението на БЕГ.