Четири лица починаа од коронавирусот во велешката болница

Во велешката Општа болница хоспитализирани се вкупно 68 пациенти од кои 60 потврдени позитивни, шест сомнителни и двајца со негативни тестови.

Од нив 31 пациент се на кислородна поддршка. Како што информира портпаролот д-р Весна Неделковска Николова, Инфективното одделение со 54 пациенти е целосно потполнето. На Физикална кое е второ Ковид одделение со 25 кревети сместени се десет пациенти и има сеуште слободни кревети.
На Интерно „Б“ крак се лекуваат четири пациенти, а кои се со последици по веќе прележан Ковид.

Инаку денеска од велешката болница испишани како оздравени четворица пациенти со по еден негативен тест.

Продолжува и црниот биланс на починати во велешката болница. Починаа уште четворица пациенти од Велес. Вчера околу 18:00 часот починал маж на 68 години примен пред три дена, а после полноќ починале двајца мажи, еден на 59 години и еден на 68 примени пред два дена. Утринаа починал и пациент на 66 години примен пред три дена.