Убиени 42 новинари во 2020-та во светот

Ширум светот во 2020 година се убиени 42 новинари и други соработници во медиумите, а повеќе од 200 се затворени поради извршување на нивната работа, објави во четвртокот Меѓународната федерација на новинарите (IFJ), по повод Меѓународниот ден на човековите права.

Според IFJ, најмногу новинари се убиени во Мексико, дури 13, и оваа земја четврти пат во петте последни години се најде на чело на оваа листа.

Пет новинари минатата година биле убиени во Пакистан, а во Авганистан, Индија, Ирак и Нигерија по тројца.

Новинарската асосцијација, во којашто членуваат 600.000 новинари и медиумски работници од 150 земји во светот, исто така, предупредува на големиот број затворени новинари, како што наведува, често без никакво обвинение.

„Овие податоци ги расветлуваат тешките злоупотреби на владите коишто настојуваат да избегнат секакво повикивање на поднесување сметка пред јавноста, и го затвораат новинарите и им ги ускратуваат законските постапки“, изјави претседателот на IFJ, Јунес М’Џахед

„Вчашувачкиот број наши колеги во затворот претставува отрезнувачки потсетник за цената којашто новинарите ширум светот ја плаќаат за откривање на вистината во јавен интерес“, додаде.

Иако бројот на загинатите и заторените новинари е во надолна линија, активистите за човекови права предупредуваат на незаинтересираноста за проблемите со коишто се соочуваат новианрите, вклучително и смртните опасности и постојаните закани.

По истиот повод, утрово во Хаг започна видео-конференција во ораганизација на холандската влада и УНЕСКО за слободата на медиумите.