Мицкоски повика на носење меморандум за заштита на идентитетот во Собранието

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју во Студио 10 на ТВ 24, го повика Зоран Заев да донесат меморандум во рамки на Собранието со кој ќе биде заштитен идентитетот на македонскиот народ во однос на преговорите со Бугарија, посочувајќи дека истиот тој треба да е потпишан од сите политички парламентарни партии и вонпарламентарните партии да се приклучат да го потпишат и да ја затвориме таа тема.

„Вие ако имате во еден момент такво интервју во кое што буквално ги навредувате сите жртви дадени за независна македонска држава, понатаму велите дека не преговарате за тоа, па потоа добивате патриотски севдах, па жицата повторно ја враќате во игра, а вие сте премиер внимавајте луѓето во вас очекуваат да видат стабилност, сигурност, еден континуиран правец на водење на политика, а вие практично имате такви осцилации на дневна на неделна основа што навистина луѓето се чувствуваат збунети. Затоа еве за да не бидеме ние збунет, чим не преговараме ајде да го ставиме ова на документ и да го усвоиме во рамките на парламентот. Нека биде тој документ резултат на еден напорен работен ден помеѓу претставници на сите политички парламентарни партии и ги повикувам вонпарламентарните партии да се приклучат да го потпишат и да ја затвориме таа тема“, рече Мицкоски.