Жена прегазена на крстосница во Штип

Возрасна жена е тешко повредена откако во средата вечерта била соборена од автомобил на една од крстосниците во Штип, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Несреќата се случила вчера околу 18,30 часот на крстосницата од улиците „Пиринска“ „Сутјеска“, кога патничко моторно возило „опел агила“ со штипски регистарски ознаки управувано од 37-годишниот штипјанец И.А. удрило во неговата сограѓанка 62-годишната Р.В, која се движела пешки.

Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобила Р.В., на која и била укажана лекарска помош во Клиничка болница Штип.

За незгодата е известен јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Штип.