Сребрен медал за Дејан Георгиевски на Европското таеквонодо првенство

Дејан Георгиевски е вицешампион на Европа. Го делеа секунди од второто злато на европските таеквондо првенства во олимписки категории.

Денеска на Европско сениорско првенство во Сараево во финалето  загуби тесно 18-19 од Иранецот со српски пасош Махди Кодарбакши, иако имаше постојано водство речиси до самиот крај.

Геогиевски до финалето извојува три победи против Андреј Гарбар (Украина), Динко Шегедин (БиХ) и Рос Даниел (Шпанија)

Ова е историски медал за македонскиот олимписки спорт и секако за македонското олимписко таеквондо. Овој медал се вбројува во неколкуте медали на официјални Европски првенства освоени во олимписки спортови откако Македонија е независна држава.

Да потсетиме, Дејан Георгиевски во 2017 години беше европски сениорски шампион со пет победи на само 18 годишна воздраст.

Вториот наш претсавник, Флип Додевски загуби од Хавиер од Шпанија со 9-22.

Утре настапува Анамарија Георгиевска.