Во фабрика за производство на кеси во селото Брњица, во близина на Приштина, избувна голем пожар.
Синот на сопственикот на фабриката, Ндерим Бериша, вели во пожарот е предизвикана штета проценета на еден милион евра.
Тој вели дека сè уште не е позната причината за пожарот и дека истражителите работат на случајот, пренесува ТВ „Клан“.
–Штетата е прилично голема. Имаме околу 30 вработени. Во времето на пожарот во фабриката имаше втора и трета смена. Имаше седум или осум работници, но за среќа никој од нив не беше повреден. Важно е сите да бидат добро. Штетата е од еден милион до 1,5 милиони евра. Тоа е вредноста на материјалите и автомобилите што беа таму. Ние почнавме со производство на кеси во 2004 година – вели Бериша.