Сите потенцијални нуспојави од вакцините против новиот коронавирус се во надлежност на здравствените тела на земјите, кои ја користат вакцините, изјави денеска портпаролката на Светска здравствена организација (СЗО), Маргарет Харис.
Таа додаде дека СЗО ги прегледува податоците од фазите на трите тестирања на вакцините на неколку производители.
– Вакцините се уште немаат дозвола (од СЗО) за употреба во итни случаи, бидејќи најважна работа е прво да се погрижиме за безбедноста – посочи Харис.