СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против две лица И.А. (30) и А.Р. (40) двајцата од Скопје поради основано сомнение дека сториле кривично дело „измама“ по член 247 во врска со чл. 22 од Кривичниот законик.
Според она што го соопшти МВР, првопријавениот, вработен во Агенцијата за национална безбедност (АНБ) во договор со второпријавениот, како униформиран полициски службеник во СВР Скопје, со намера да се стекнат со противправна имотна корист оствариле средба со оштетениот М.А. и неговиот внук Р. А., на која изнеле невистинити податоци со што ги довеле во заблуда оштетените.
„Пријавените со лажно прикажување на факти кои се однесуваат на нивниот идентитет и лажни инкриминирачки информации за правно лице, побарале парична награда во износ од 3.000 евра како би му помогнале да се избришат податоци.За да издејствуваат парични средства, пријавените во неколку наврати преку телефонски повици и пораки барале остварување на нова средба кој се случила на 08.12.2020, каде оштетениот им исплатил дел од побараната парична награда односно 600 евра“, стои во соопштението.
Двајцата осомничени се приведени и предадени на обвинителството со соодветна кривична пријава.