5.8 C
Skopje
сабота, ноември 16, 2024

САД ја одобри вакцината на Фајзер, првите вакцини за неколку дена

Федералната администрација за храна и лекови на САД (ФДА) објави дека одобрила употреба на вакцината на Pfizer против Ковид-19, а првите вакцинации се очекуваат за неколку дена, што би требало да значи пресвртна точка во САД.

Агенцијата објави дека вакцината може да се дава на лица на возраст од 16 години и постари. Здравствените работници и старите лица во установите за долготрајна нега се очекува да бидат главните приматели на првата транша од 2,9 милиони дози.

“Првата вакцинација ќе се изврши за помалку од 24 часа. Горд сум што можам да кажам дека обезбедивме бесплатна вакцина за сите Американци”, рече американскиот претседател Доналд Трамп во видеото објавено на Твитер.

Владата на САД објави дека ќе започне со дистрибуција на вакцината на национално ниво веднаш по одобрувањето на ФДА и дека првите вакцинации ќе започнат на почетокот на следната недела.

Милиони Американци би можеле да се вакцинираат уште во декември, особено ако наскоро се одобри и вакцината на Модерна.

Вакцината Фајзер за прв пат е одобрена во Велика Британија на почетокот на овој месец, а Британците започнаа вакцинирање во вторникот.

Канада исто така ја одобри употребата на вакцината и се очекува вакцинацијата да започне следната недела. И Мексико и Бахреин ја одобрија употребата на оваа вакцина.

Дистрибуцијата на вакцината Pfizer е сложена затоа што мора да се чува на -70 степени Целзиусови.

Другите вакцини со висок развој вклучително и на Модернина, би можеле да добијат итно одобрување од ФДА за употреба веќе следната недела, проследено со АстраЗенека, што е направена во соработка со универзитетот Оксфорд и Џонсон и Џонсон.

Вакцината на Модерна ја користи истата технологија како Pfizer, но не мора да се чува на толку ниски температури.