Бугарскиот вицепремиер Красимир Каракачанов за членовите на македонскиот тим од мешовитата историска и образовна комисија со Бугарија на бугарската телевизија рече дека се однесувале како „магаре на мост” и тврделе дека имаат свој поглед на историјата.
Каракачанов кој и самиот е историчар вели дека историчарите можат да тврдат дека се марсовци и дека Самоил паднал од Марс, но тоа немало да биде точно.
– Бугарија е државата која отсекогаш и помагала на Македонија. Ние први ги признавме, им помогнавме финансиски, ги помагавме и воено за време на југословенското ембарго. Очекувавме колегијален однос, но добивме задкулисни игри – нагласи Каракачанов, кој е и лидер на партијата ВМРО – Бугарско национално движење (ВМРО-БНД).